Yusuf Özcan
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 26.380 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Потврдени се уште 209 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 210.728.
Во болниците се лекуваат 22.569 лица, од кои 2.776 се наоѓаат во интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 179 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус се искачи на 56.217.
Во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 70 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 26.380, од кои 16.642 лица починале во болници, и 9.738 во домовите за стари лица.