Yusuf Özcan
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 26.310 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Потврдени се уште 433 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 210.519.
Во болниците се лекуваат 22.614 лица, од кои 2.812 се наоѓаат во интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 256 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус се искачи на 56.038.
Во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 80 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 26.310, од кои 16.573 лица починале во болници, и 9.737 во домовите за стари лица.