Yusuf Özcan
29 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 28.662 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 3.325 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 223.473.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 15.208 лица, од кои 1.429 се наоѓаат на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 607 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 67.191.
Во последните 24 часа во болници починаа 66 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 28.662.