Yusuf Özcan
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - До францускиот претседател Емануел Макрон бил испратен извештај во кој се истакнува дека 300 до 500 илјади луѓе би можеле да починат ако не бидат преземени сериозни мерки против новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според весникот „Ле Монд“, минатата недела на Макрон му бил претставен извештај за коронавирусот пред одлуката да се затворат сите училишта, вклучително и универзитетите во земјата.
Во извештајот се наведува дека доколку не се преземат сериозни мерки против епидемијата, во Франција би можеле да умрат 300 - 500 илјади лица.
Поради тоа, претседателот Макрон донел одлука да се затворат сите училишта.
- Зголемен бројот на мртви и бројот на случаи -
Во соопштението од Министерството за здравство се истакнува дека бројот на лица кои починале од коронавирусот се зголеми на 127, а бројот на заразени достигна до 5.423.
Исто така, во изјавата се забележува дека за поефикасно справување со борбата против епидемијата, на работа се повикани лекарите и медицинските сестри кои се пензионирале во последните пет години.
Од друга страна, во вестите во француските медиуми се наведува дека може да има ограничувања на слободното движење за да се спречи ширењето на епидемијата во земјата.