свет, Коронавирус

Франција: 26 отсто од граѓаните сметаат дека Ковид-19 е произведен во лабораториите

Според резултатите на анкетата на Институтот за јавни истражувања (IFOP), 57 отсто од испитаниците сметаат дека Ковид-19 се појавил по природен пат, додека 26 отсто сметаат дека коронавирусот е произведен во лабораторија

Yusuf Özcan  | 28.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
Франција: 26 отсто од граѓаните сметаат дека Ковид-19 е произведен во лабораториите

ПАРИЗ (AA) - Резултатите на анкетата спроведена во Франција покажаа дека значителен дел од јавноста смета дека новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), кој се појави во Кина, е произведен во лабораторија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според резултатите на анкетата на Институтот за јавни истражувања (IFOP), 57 отсто од испитаниците сметаат дека Ковид-19 се појавил по природен пат, додека 26 отсто сметаат дека коронавирусот е произведен во лабораторија.

Исто така, анкетата покажа дека дури 40 отсто од симпатизерите на Националниот собир (RN), крајно десничарска партија, веруваат дека Ковид-19 е „плански" произведен во лабораторија.

Од друга страна, како што наведува „France Info", Франција од Кина нарачала милијарда маски за лице.

Во Франција досега со коронавирусот се заразени 32.964 лица, додека од последиците на заразувањето починаа 1.995 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın