Dilara Zengin
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
ВАШИНГТОН
Компанијата „Фајзер“ го соопшти билансот на состојба за третиот квартал од оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на компанијата, приходите на „Фајзер“ во третиот квартал од оваа година се зголемени за 134 отсто во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи 24,1 милијарда долари.
Нето-продажбата на компанијата во истиот период минатата година изнесуваше 10,3 милијарди долари.
Приходите на „Фајзер“ од продажбата на вакцини изнесуваат 14,6 милијарди долари во третиот квартал од оваа година, додека приходот од продажбата на вакцината против Ковид-19 е 13 милијарди долари.
Компанијата исто така нагласи дека оваа година очекува приближно 36 милијарди долари приходи од продажба од вакцината против Ковид-19 што ја развија со германската биотехнолошка компанија „БајоНТех“.
„Фајзер“ во јули објави дека оваа година очекува да има приход од 33,5 милијарди долари од продажбата на вакцини.
Меѓу другото, компанијата наведе дека оваа година се очекува да испорачаат 2,3 милијарди дози вакцина.
Нето-добивката на „Фајзер“ исто така се зголеми на 8,2 милијарди долари во третиот квартал од оваа година.
Нето-добивката на компанијата во истиот период минатата година изнесуваше 1,5 милијарди долари.
Заработката по акција на компанијата „Фајзер“ изнесуваше 0,26 долари во третиот квартал од минатата година, а во истиот период од 2021 година достигна цена од 1,42 долари.