свет

Израелските граѓани ќе се соочат со затворска казна ако не ги почитуваат правилата за карантин

Министерството за здравство на Израел наведува дека околу 50 граѓани кои ги посетиле источно-азиските земји не ја испочитувале постапката за 14-дневен карантин по нивното враќање.

Handan Kazancı  | 21.02.2020 - Обновена : 24.02.2020
Израелските граѓани ќе се соочат со затворска казна ако не ги почитуваат правилата за карантин

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти соопштија дека граѓаните на Израел кои нема да ја почитуваат наредбата да останат во карантин поради коронавирусот, би можеле да бидат казнети со затворска казна и до седум години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за здравство на Израел се наведува дека околу 50 граѓани кои ги посетиле источно-азиските земји не ја испочитувале постапката за 14-дневен карантин по нивното враќање.

„Оние кои не ја почитуваат процедурата за домашен карантин, ќе бидат осудени на три години“, се вели во соопштението.

Министерството исто така ги повика своите државјани да ги пријават оние кои не ги почитуваат правилата за карантин.

Министерството за внатрешни работи на Израел претходно соопшти дека на странските државјани кои ги посетиле Тајланд, Сингапур и Хонгконг, како и Макао, нема да им биде дозволено да влезат во земјата.

Бројката на починати лица во Кина како последица на коронавирусот се зголеми на 2.238.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.