Haydar Karaalp
21 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
БАГДАД (АА) - Властите на Ирак го суспендираа издавањето визи на иранските државјани поради дијагностицираните случаи на заразување со вирусот „Ковид-19" во Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за внатрешни работи на Ирак ја потпиша одлуката со која наредува да не се издаваат визи на државјаните на Иран кои сакаат да го посетат Ирак.
Во соопштението од Министерството се наведува дека одлуката е на сила сѐ до понатамошно известување, а донесена е поради вчерашната смрт на две лица кои биле заразени со „Ковид-19" во иранскиот град Кома.
Ирачките власти исто така привремено ги затворија граничните премини со Иран, а ги забранија и сите авионски летови кон и од Иран.
Паралелно со тоа, Министерството за здравство на Ирак денеска соопшти дека во таа земја не е регистриран ниту еден случај на заразување со „Ковид-19". Министерството негира некои медиумски натписи дека вирусот се појавил во Басра.