Ikrame Imane Kouachi
08 Јуни 2024•Ажурирај: 11 Јуни 2024
АНКАРА (АА) - Израел денес соопшти дека се извлечени четворица израелски заложници од централниот дел на Појасот Газа по воената операција во подрачјето, пренесува Анадолу.
Во соопштението на израелската војска се вели дека во „комбинирана операција на израелските сили, Шин Бет и полицијата, утрово биле ослободени четворица израелски заложници“ во бегалскиот камп Нусејрат.
Војската ги идентификува ослободените заложници како Ноа Аргамани (25), Андреј Козлов (27), Шломи Зив (40) и Алмог Меир (21).
Исто така, се наведува дека заложниците биле пронајдени во две одделни подрачја на кампот, истакнувајќи дека тие се во добра здравствена состојба.
Претходно денес, израелската војска започна офанзива во неколку подрачја во централниот дел на Појасот Газа, во која загинаа десетици Палестинци, според палестинските медицински извори.