свет

Бројот на починати од коронавирусот во Иран се зголеми на 16

Во провинциите Меркези, Елборз и Хамедан животот го загубиле 4 лица

Mustafa Melih Ahıshalı  | 25.02.2020 - Обновена : 25.02.2020
Бројот на починати од коронавирусот во Иран се зголеми на 16

ИСТАНБУЛ (АА) - Уште четири лица починаа во Иран поради новиот вид коронавирус „Ковид-19“, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 16, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веб-страницата „Aftabnews“, 2 лица починале во провинцијата Меркези поради вирусот „Ковид-19“.

Абас Никруш, деканот на Медицинскиот факултет во провинцијата Меркези, истакна дека лицата што починале во градот Саве биле пациентки со срцеви и бубрежни заболувања, на возраст од 82 и 87 години.

Исто така, според полуофицијалната Иранска новинска агенција за студенти (ISNA), заменик-деканот на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Елборз“, Сејид Хусеин Инанлу, изјавил дека починало едно од трите лица кај кои е откриен коронавирусот .

Инанлу упати совет до граѓаните да не ги напуштаат своите домови, освен ако тоа не е задолжително.

Говорејќи за ИРНА, официјалната Новинска агенција на Иран, Менучехр Керими, заменик-деканот на Медицинскиот факултет „Хемедан“, истакна: „Првиот случај на коронавирус во провинцијата Хемедан е откриен во средата. Еден од пациентите го загуби животот.“

Министерот за здравство на Иран, Саид Немеки, во извештајот што го упати до Парламентот вчера истакна дека бројот на лица што починале поради „Ковид-19“ во Иран се зголемил на 12. Се наведува дека бројот на заразени со вирусот е повеќе од 60 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın