Sefa Şahin
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
АНКАРА
Во Турција во последните 24 часа е потврдено заразување со Ковид-19 кај 1.008 лица, додека 19 починаа од последиците на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците за епидемиолошката ситуација во земјата кои на Твитер ги сподели министерот за здравство на таа земја, Фахретин Коџа, а кои се достапни и на страницата на Министерството, покажуваат дека денес се направени 46.492 тестирања. Во последните 24 часа починаа 19 пациенти, а 1.156 се излекуваа.
Вкупниот број на тестирања е зголемен на 4.021.947, бројката на заразени изнесува 214.001, а на починати 5.382.
Бројот на пациенти на одделот за интензивна нега изнесува 1.223, а на респиратор 402. Вкупниот број на излекувани е зголемен на 195.671.
„Пет области со најмногу заразени се: Истанбул, Анкара, Газиантеп, Шанлиурфа и Дијарбакир. Дојде и до зголемување на одделенијата за интензивна нега во пет области“, изјави Коџа.