Турција, ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА НА МУСЛИМАНИТЕ - КУДС (ЕРУСАЛИМ)

Турција со критики за мировниот план за Блискиот Исток на Трамп

„Ова е план за анексија насочена кон узурпација на палестинската територија и „убивање“ на дводржавното решение“

Ali Murat Alhas  | 29.01.2020 - Обновена : 29.01.2020
Турција со критики за мировниот план за Блискиот Исток на Трамп

АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи упати остри критики за американскиот мировен план за Блискиот Исток, потенцирајќи дека народот и палестинската земја не се на продажба, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во официјалното соопштение, по прес-конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, каде што сподели детали за наводниот „Договор на векот“, турското МНР истакна дека договорот е „мртвороденче“.

„Ова е план за анексија насочена кон узурпација на палестинската територија и „убивање“ на дводржавното решение“, се вели од Министерството, и се додава дека палестинскиот народ и земја не можат да се купат.

Истакнувајќи дека Ерусалим е црвената линија во очите на Турција, во соопштението се нагласува дека Анкара нема да дозволи Израел да си ја оправда окупацијата и прогонството.

„Ние секогаш ќе бидеме покрај братскиот народ на Палестина. Ќе продолжиме да работиме за независна Палестина со палестинските територии“.

Во соопштението се заклучува дека Турција нема да поддржи план што не е прифатлив за палестинските власти, додавајќи дека мирот на Блискиот Исток нема да се реализира додека не завршат политиките засновани врз окупација

Трамп го објави долгонајавуваниот план за ставање крај на израелско-палестинскиот конфлит во Белата куќа, каде што беше присутен и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. За време на прес-конференцијата, Трамп го нарече Ерусалим како „неделив главен град на Израел“.

Палестинскиот Хамас го отфрли договорот, велејќи: „Овој договор не вреди ни колку хартијата на која е напишан, и Ерусалим ќе остане на Палестинците.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.