Islam Doğru
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во последните 24 часа во САД од последиците на Ковид-19 починаа 379 лица, вкупно 137.797, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму се земја со најмногу починати и заразени од Ковид-19 во светот.
Податоците на интернет страницата „Worldometer“ покажуваат дека бројот на заразени во последните 24 часа е поголем за 58.384 и изнесува 3.415.590.
Во последните 24 часа од последиците на заразата починаа 379 лица, вкупно 137.797.
После САД бројот на заразени следуваат Бразил (1.866.176), Индија (888.944) и Русија (733.699).
Њујорк, и покрај трендот на опаѓање на дневниот број на заразени и починати, и понатаму е најпогодена сојузна држава во САД.
Во Њујорк до сега со коронавирусот се заразени 427.638 лица, а починаа 32.403 лица.
Во Калифорнија се потврдени повеќе од 327.000 случаи на заразување, а на Флорида околу 270.000.
Бројот на тестирања во САД надмина 42,48 милиони, додека бројот на излекувани е поголем од 1.517.000.