Zylfije Adem Jakupi
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
ПРИШТИНА
Претседателот на Косово Хашим Тачи денес по повеќе од 6 часа го заврши давањето исказ пред Специјалното обвинителство во Хаг, кое ќе биде продолжено утре, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тачи по авршувањето на денешното сослушување даде куса изјава за медиумите дека денес ја слушал размената на техничките прашања меѓу неговиот бранител Проспер и обвинителот, како и почетокот на испитувањето на обвинителот за Ослободителната војска на Косово. Тој нагласи дека сослушувањето ќе продолжи утре.
Претседателот Тачи го ангажираше познатиот американски адвокат Пјер-Ричард Проспер, кој ја вршеше должноста амбасадор за воени злосторства во администрацијата на претседателот Џорџ Буш.
Специјалното обвинителство до Специјализираниот совет на Косово на 24 април поднесе испитување на обвинение „со 10. точки според кои Хашим Тачи, Кадри Весели и други лица се обвинуваат за злосторство против човештвото и воено злосторство, вклучувајќи и убиство, присилно исчезнување на лица, прогон и измачување“. Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и други осомничени се теретат за кривична одговорност за речиси 100 убиства.
Специјализираниот совет на Косово со седиште во Хаг имаат рок од 6 месеци за донесување на одлука за потврдување на ова обвинение.