свет

Трамп изрази сочувство до Ердоган по земјотресот во Турција

Бројот на загинати лица во земјотресот, што со јачина од 6,8 степени го погоди источниот турски град Елазиг, изнесува 41, а повеќе од илјада лица се повредени

Erdoğan Çağatay Zontur  | 28.01.2020 - Обновена : 29.01.2020
Трамп изрази сочувство до Ердоган по земјотресот во Турција

АНКАРА (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, преку телефонски повик му изрази сочувство на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, поради земјотресот што ја погоди источна Турција во петокот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бројот на загинати лица во земјотресот, што со јачина од 6,8 степени го погоди источниот турски град Елазиг, изнесува 41, а повеќе од илјада лица се повредени.

Земјотресот е почувствуван и во соседните земји, вклучувајќи ги и Сирија и Грузија.

Претходно, во текот на вчерашниот ден, турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, на прес-конференција истакна дека 18 од повредените лица сè уште се наоѓаат на интензивна нега.

Според АФАД, од вкупно 1.607 повредени лица, 1.516 се пуштени на домашно лекување, додека 45 лица се спасени од под урнатините на куќите и зградите.

Од Дирекцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АFAD), соопштија дека источната турска област Елазиг, по петочниот разорен земјотрес, ја погодиле уште 948 дополнителни потреси на тлото.

Оттаму додаваат дека спасувачките активности во подрачјето продолжуваат со над 3.800 спасувачи, стотици возила и 22 кучиња трагачи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın