Kübra Kara
01 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ
Свеската на Тони Блер, поранешниот премиер на В. Британија, новинарката и активистка Лорен Бут, ќе продолжи да го живее својот живот како истанбулка, пишува Агенција Анадолија (АА).
Лорен Бут, која е сестра на сопругата на поранешниот британски премиер Блер, откако замина како новинарка на должност во Палестина и таму се запозна со исламот, во 2010 година стана муслиманка. Бут, која во Британија подготви монодрама во која раскажува за муслиманството, мажена е за муслиман кој работи во Турција. Бут минатата недела се пресели во Истанбул и изјави дека сака продолжетокот од животот да го продолжи во овој град.
Раскажувајќи ја причината поради која го избрала муслиманството, Бут на новинарот на АА му изјави: „Првенствено, исламот не беше меѓу моите планови за живот и во ниту еден момент не размислував за тоа. Но кога ќе погледнам сега, веќе 10 години поминаа откако станав муслиманка. Кога започнав да работам со муслиманите, увидов колку се учтиви и трпеливи. Почувствував дека нешто ми недостасува. По една рамазанска вечер помината во џамија, утредента ја имав сета верба во Алах и верував дека пророкот Мухамед е последниот божји пратеник. Токму тој ден започна мојот живот.“
Бут рече дека по преминувањето во ислам, започнала да спроведува истражувања во врска со исламофобијата и истакна дека во подем е говорот на омраза против муслиманите на светско ниво.
- „Заборавете го Холивуд, зошто да не е Халалвуд?“
Бут во разговорот подвлече дека исламофобијата не излегла на површина ниту по грешка, ниту по случајност, додавајќи:
„Три големи групи во Америка, на Западот обезбедуваат финансиска поддршка против исламот. Истражувањата го покажуваат тоа. Овие групи организираа состаноци на аналитичките центри (тинк-тенк организации). На овие состаноци се шири исламофобијата. Во ред, додека овие групи префрлаат пари за антимуслиманизмот, каков е нашиот одговор? Зошто нашиот одговор е многу слаб? Нашиот одговор треба да биде богат и остроумен. Потребно е да се стапи во контакт со филмските режисери за да се генерираат идеи, а со новинарите и луѓето што се занимаваат со оваа проблематика треба да се создаде алтернативна перспектива. Потребно е да работиме заедно и преку медиумите да ја покажеме нашата реакција. Заборавете го Холивуд, зошто да не е Халалвуд? Не сме многу силни во водечките медиуми против исламофобичните параметри. Имаме добра приказна и многу добро гледиште, вклучувајќи ја и филантропијата, но многу не си веруваме себеси за да го пренесеме тоа. Нашиот живот е исполнет со позитивни примери. Ѝ придаваме значење на хигиената, имаме доборососедски односи, ги исполнуваме верските обврски. Луѓето треба да го научат ваквиот начин на живот.“
- „Плачев гледајќи ја надежта во кампот“
Посочувајќи дека милиони луѓе се жртви во исламските земји, Бут изјави дека по тоа прашање Турција презема „праведни и милосрдни чекори“.
Бут, истакнувајќи дека како новинарка и активистка имала можност да посети голем број бегалски кампови, продолжи со зборовите: „Ги посетив Либан, Јордан, Газа, Западниот Брег и Газиантеп. Во Газиантеп ги посетив Сиријците, плачев движејќи се меѓу шаторите. Навистина плачев бидејќи видов надеж. Луѓето таму живееја достоинствено.“
Бут рече дека кога во кампот во Газиантеп сакала да ги праша службените лица во врска со бегалците, го добила одговорот: „Не, тие не се бегалци, тие се наши гости“, додавајќи дека човечките миграции продолжуваат на глобално ниво. Велејќи дека Европа ја зазела погрешната страна од историјата, Бут изјави: „Како Европејци, се наоѓаме на погрешната страна. Гледаме како луѓето умираат на клупите во Италија, како бегалците умираат на грчкиот брег. Потребно е Сиријците да ги гледаме како браќа. Турција со нејзиното однесување ни дава лекција по човечност.“
- „Се молам Тони Блер да стане муслиман“
Потсетувајќи дека сопругот на нејзината постара сестра, поранешниот премиер на Британија, Тони Блер, ја поддржал окупацијата на Ирак во 2003 година, Бут продолжи со зборовите:
„И пред инвазијата на Ирак бев против војна. Британците влегоа во војна со погрешни податоци. Тоа претставува воено злосторство. Доколку Британија речеше „НЕ“ за војната, тогаш ќе беа преземени еднострани активности за Ирак, што значи дека ниту една од 7-те големи земји немаше да даде поддршка во војната. Но Блер, како премиер на Британија, го прифати тоа и војната се спроведе. Се молам за да запре болката во Ирак. Се молам за сите лидери, и за поранешните... На пример, се молам за Тони Блер да стане муслиман. На тој начин ќе ја разберат разликата меѓу доброто и лошото. Дури и најлошиот живот на светот може да се преобрази во најдобра форма преку исламот. Се разбира дека е можно секоја единка да биде муслиман. На пример, погледнете го калифот Омар. Тој на почетокот бил против проповедникот Мухамед, но подоцна станал муслиман.“
- „Сега и јас сум жителка на Истанбул“
Бут изјави дека многу ја сака Турција, додавајќи дека Истанбул е поубав и од Лондон и од Париз. Информирајќи дека пред две недели од Британија се преселила во Истанбул, рече дека отсега ќе живее во Истанбул и додаде: „Сега и јас сум жителка на Истанбул. Би сакала да учествувам во активностите како волонтер. На пример, би можела да им помагам на луѓето во Сулејмановата џамија. Би можела да ја раскажувам исламската и отоманската историја. Отоманската историја ја знам делумно, но би сакала да научам колку што можам повеќе.“
Бут напишала книга под наслов „Finding Peace in the Holy Land“ за нејзиниот избор на исламот, во која раскажува за запознавањето со луѓето во Палестина и за нејзиното пренасочување кон исламот. Бут напишала и сценарио за театарска претстава под наслов „Accidentally Muslim“ инспирирана од нејзината книга, за која вели: „Многу е важно муслиманите да ги раскажат своите приказни на телевизија, на филмското платно. Имаме извонредни приказни со одлични перспективи. Потребно е верувајќи во себе да го раскажеме тоа. Во мојата претстава на сцената сум само јас и играм 16 различни карактери. Во моментов во Турција барам сцена за мојата претстава. Тоа би можело да бидат универзитети или простори на кои би гостувала. Кога ќе најдам соодветен простор, ќе започнам со мојата претстава.“