Sayed Khodaıberdı Sadat
01 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
КАБУЛ
Пет цивили го загубија својот живот во воздушниот напад извршен од страна на американските трупи врз Талибанците во подрачјето на Дашти Арчи, што се наоѓа во авганистанската северна покраина Кундуз, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Гувернерството на Кундуз, Нематулах Тимури, соопшти дека американските трупи што служат во рамките на НАТО во Авганистан извршиле воздушен напад врз Талибанците во подрачјето на Дашти Арчи.
Тимури информираше дека цел на нападот биле цивилите, при што смртно настрадале 5 цивили.
Тој истакна дека Гувернерството на Кундуз започнало истрага во врска со овој напад.
Од друга страна, во соопштението на американските трупи во Авганистан се вели дека во тек е истрага за да се открие дали има загинати цивили во воздушниот напад извршен против Талибанците во Кундуз.