Ekipa
28 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
КAРАЧИ (АА) - Турција денеска го достави вториот контингент медицинска помош за Пакистан, со цел поддршка во борбата против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Помошта беше доставена во Карачи со специјален карго-лет на „Туркиш ерлајнс“ и им беше предадена на пакистанските власти од страна на Мурат Еркол, вршител на должноста генерален конзул во јужниот пристаништен град.
„Рано утрово, медицинската помош од Турција, која се состои од 108.000 хируршки маски и 31.500 комплети на заштитна облека, беа доставени до Националното тело за управување со катастрофи за борба против Ковид-19“, се вели во соопштението објавено од Турскиот конзулат.
Помошта ја прими Насарула Брохи, помошник-директор на Националното тело за управување со катастрофи.
Пакистан, една од најтешко погодените земји од вирусот во Јужна Азија, досега има регистрирани 301 смртен случај и над 14.000 заразени со Ковид-19.
Минатата недела Анкара донираше 20.000 маски, 50.000 заштитни одела и 100.000 штитници за лице за пакистанските лекари и медицински работници.
Турција испорача помош на најмалку 57 земји низ целиот свет за борба против коронавирусот поради епидемијата во која досега во светот починаа над 211.300 луѓе.