Mümin Altaş
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 150.087, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 45.092 тестирања за Ковид-19, од кои 1.459 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 14 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 985 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 2.586.995 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 176.677 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.792 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 684 лица, 284 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 150.087 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Растот во бројот на случаи ги предупредува оние кои не ги почитуваат мерките, како и сите нас“, напиша Коџа.