Barış Seçkin,Erbil Başay
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
РИМ
Министерот за здравство на Италија Роберто Сперанза рече дека со една компанија потпишале договор за обезбедување 400 милиони дози вакцини против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Сперанза на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека има мнгоу убава и важна вест.
Наведе и дека по сојузот со министрите за здравство на Германија, Франција и Холандија покренат за изнаоѓање вакција, потпиша договор со компанијата „Астразенека" (Astrazeneca) за обезбедување 400 милиони дози за жителите во целата Европа.
Според него, потенцијата вакцина потекнува од Универзитетот Оксфорд, а о фазите на развој и производство ќе придонесат и италијански фирми.
Министерот рече дека очекуваат експерименталната фаза на потенцијалната вакцина да биде завршена наесен, а до крајот на годината да почнат со споделување.
Сперанза се осврна и на значењето на вакцината во борбата против Ковид-19.
„Денешниот потпис е охрабрувачки чекор за Италија и Европа насочен кон иднината. Вакцината е единственото сигурно решение за Ковид-19. За мене, секогаш ќе биде прифатена како глобално јавно добро, сечие право, а не привилегија само за поединци", порача Сперанза.
Во соопштението на Министерството за здравство на Германија се наведува дека оваа земја со Франција, Италија и Холандија направила сојуз за да се обезбеди вакцина за државјаните на ЕУ и дека се направени преговори со многу компании во врска со истражувањата кои влеваат надеж.
Овие четири земји постигнаа договор со „Астразенека" за обезбедување на повеќе од 300 милиони дози вакцини против Ковид-19 и дека тие ќе бидат поделени според бројот на жителите на земјите членки на ЕУ.
Кажано е дека таквиот договор е постигнат земајќи ја во предвид можноста вакцините оваа или следната година да добијат дозволи и дека производните капацитети се ставени под гаранција.