Agim Sulaj
13 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 58 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 1.384, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Излекувани се уште 7 пациенти од Ковид-19, со што бкупната бројка на излекувани од овој вирус во земјата изнесува 928.
Денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 313 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 18.247.
Бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 32.