Tufan Aktaş
02 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската фондација „Маариф“, во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, својот кампус во Етиопија го предаде во служба на локалната власт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од Турската фондација „Маариф“, објектите во студентскиот дом, трпезаријата и здравствената установа лоцирани во нејзиниот кампус, Фондацијата „Маариф“ ги предаде на администрацијата на градот Харар, за користење како карантин и лекување за време на епидемијата на Ковид-19.
Кампусот, кој ќе стане центар во борбата против Ковид-19, ќе го затвори јазот во здравствените услуги во регионот.
Во Етиопија, која презеде строги мерки во рамките на борбата против вирусот, досега се регистрирани 131 случај од коронавирусот, а починаа 3 лица.