Bayram Altuğ
03 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри итната употреба на вакцината „Коваксин“, произведена од биотехнолошката компанија „Барат биотех“ во Индија против новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение од СЗО, денеска седница одржа Советничката група на Светската здравствена организација (SAGE), во која членуваат експерти од целиот свет.
На состанокот е одлучено дека вакцината „Коваксин“ ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од Ковид-19, дека придобивките од вакцината се многу поголеми од ризиците и дека може да се користи.
Советничката група на Светската здравствена организација (SAGE), која ја советува организацијата за употреба на вакцини против Ковид-19, да ги разгледа достапните податоци за вакцината и препорача вакцината „Коваксин“ да се користи во две дози за четири недели во сите групи на возраст над 18.
Меѓу другото, во соопштението се нагласува дека „Коваксин“ е многу погодна вакцина за земјите со низок и среден приход бидејќи ефективноста против Ковид-19 е 78 проценти и лесно се складира.
Со оваа одлука, СЗО ја одобри осмата вакцина против Ковид-19 за итна употреба.
СЗО првпат на 31 декември ја одобри вакцината против Ковид-19 произведена од компанијата „Фајзер-БајоНТех“ за итна употреба, потоа вакцината НА „Оксфорд-АстраЗенека“, „Модерна“ и на „Синофарм“.
Организацијата на 1 јуни одобри итна употреба на новата вакцина на „Синовак“, развиена од Кина, која се користи и во Турција.