свет, Коронавирус

СЗО испраќа тим на експерти во Кина да го истражат потеклото на Ковид-19

- „Додека продолжуваме да се бориме против пандемијата, исто така го истражуваме изворот (потеклото) на вирусот. Двајца експерти на СЗО заминуваат во Кина на состаноците со другите научници, изјави Гебрејсус на прес-конференцијата на СЗО во Женева“

Bayram Altuğ  | 10.07.2020 - Обновена : 11.07.2020
СЗО испраќа тим на експерти во Кина да го истражат потеклото на Ковид-19

ЖЕНЕВА

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус потврди дека тим експерти на СЗО патуваат во Кина за да го истражи изворот на новиот вид на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Додека продолжуваме да се бориме против пандемијата, исто така го истражуваме изворот (потеклото) на вирусот. Двајца експерти на СЗО заминуваат во Кина на состаноците со другите научници, изјави Гебрејсус на прес-конференцијата која е одржана во седиштето на СЗО во Женева“, преку видео-конференција.

Гебреисус изјави дека експертите на СЗО заедно со кинеските колеги, меѓу остантото, ќе испитаат како вирусот се пренесува од животни на луѓе.

СЗО инсистира на тоа дека новиот тип на коронавирус е со природно потекло од првите денови на епидемијата. Организацијата беше на мета на кртики поради фактот што седум месеци чекала да го истражи изворот на вирусот.

Во пораката објавена на 14 јануари на профилот на Твитер на СЗО е изнесено тврдење дека нема конкретни докази дека Ковид-19 се пренесува од лице на лице, повикувајќи се на кинеските официјални претставници.

Организацијата на 20 јануари објави дека вирусот се пренесувал повеќе од животни на луѓе, иако во ограничен број може да се пренесе од лице на лице во близок контакт.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın