свет

На Нетанјаху му е забрането да именува високи функционери во полицијата и судството

- Нетанјаху (70) е првиот израелски премиер кој се соочува со судење за време на мандатот, негирајќи ги обвинувањата за мито, измама и кршење на довербата.

Ekip  | 10.07.2020 - Обновена : 11.07.2020
На Нетанјаху му е забрането да именува високи функционери во полицијата и судството

ЕРУСАЛИМ

На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му е забрането да назначува високи функционери во полицијата и судството, поради неговото судење за корупција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Правниот советник на израелската Влада, Авичаи Манделблит вчера го информираше Нетанјаху за забраната.

Израелскиот Тајмс го цитираше Манделблит: „Нетанјаху не смее да биде вклучен во назначувањето на судии или полициски комесари, како и сите други назначувања што би се мешале со работата на државното обвинителство, канцеларијата на јавниот обвинител или полициските истраги“.

Весникот објави дека во нацрт-документот, исто така, се вели дека Нетанјаху не смее да го унапреди законодавството што се однесува на правосудниот систем или да носи одлуки за израелската комуникациска индустрија што е поврзана со спроведувањето на законот.

Овој месец Нетанјаху го критикуваше Манделблит со обвиненија дека тој се обидува да изврши заговор да го собори за да постигне политички мотиви“.

Нетанјаху (70) е првиот израелски премиер кој се соочува со судење за време на мандатот и тој ги негира обвинувањата за мито, измама и кршење на довербата.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.