свет, Коронавирус

Во САД од Ковид-19 починаа уште 945 лица

- Податоците објавени на „Worldometer“ покажуваат дека во последните 24 часа во САД бројот на заразени е поголем за 61.738 и изнесува 3.222.059

Islam Doğru  | 10.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Во САД од Ковид-19 починаа уште 945 лица

ЊУЈОРК

Во последните 24 часа во САД од последиците на Ковид-19 починаа 945 лица, односно вкупно 135.869, јавува Агенција Анадолија (АА).

САД е и понатаму земја со најмногу заразени и починати од Ковид-19.

Податоците објавени на „Worldometer“ покажуваат дека во последните 24 часа бројот на заразени е поголем за 61.738 и изнесува 3.222.059.

Бројот на починати во последните 24 часа е поголем за 945 и изнесува 135.869.

Што се однесува до најголемиот број случаи, по САД следуваат Бразил со 1.762.263 откриени случаи, Индија со 798.161 откриени случаи, и Русија со 713.936 откриени случаи.

Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, и тоа со 425.072 случаи и 32.343 починати лица, а по неа следуваат Калифорнија со 303.000 и Тексас со 241.000 случаи на заразување.

Во САД на присуство на Ковид-19 се извршени 40,16 милиони тестирања, а бројот на излекувани надмина 1.426.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın