Admir Fazlagic
10 Октомври 2020•Ажурирај: 11 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани се рекордни 393 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 20.555, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 785.
Вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 16.099.
Во моментот активни се 3.671 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.464 тестирања за вирусот. Досега во земјата се направени вкупно 206.243 тестирања на Ковид -19.