İdiris Okuduci
10 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
ТЕРТЕР
По воспоставувањето на примирјето помеѓу Азербејџан и Ерменија кое денес напладне стапи во сила, на виделина излегоа урнатините на подрачјата каде живеат цивили во Тертер, градот кој навеќе е напаѓан во текот на судирите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ерменските сили од 27 септември изведуваат напади на центарот на градот Тертер со ракети од голем домет.
Со стапувањето во сила на примирјето договорено во Москва денес напладне се прекинати нападите на центарот на градот, но нападите се продолжени во руралните подрачја.
Жителите на Тертер кои го го напуштија градот поради нападите, по прв пат имаа можност да се вратат во своите домови. Некои од нив беа разочарани од глетката која ја затекнаа. Проектилите исфрлени од страна на ерменската војска ги погодија и нивните домови од кои останаа само урнатини.
Екипата на АА влезе воТертер и сведочеше на враќањето на жителите во овој град во нивните урнати домови. Бројни куќи се потполно срушени, како и дуќаните, зградите на јавните институции и уништените возила. Граѓаните се во солзи додека ги гледаат сите урнатини, местата каде со години живееле.
Жтелите на Тертер за АА кажаа дека не веруваат во согласноста на Ерменија на примирјето, наведувајќи дека претходно во повеќе наврати го кршеа прекинот на огнот.
Прекинот на огнот нема смисол
Некои од граѓаните кои ги посетуваат срушените домови и се обидуват да ги соберат неоштетените работи, наведуваат дека примирјето за нив нема никаков смисол.
Во Тертер денес можеа да се чујат и паролите „Карабах е наш", „Му благодариме на Бога, им благодариме на Алијев и Ердоган", „Две држави, еден народ".
Хатиџе Исмаилов, која поради ерменските напади на Тертер избегала кај роднините во градот Берде, една е од оние кои денес дојдоа да ги посетат куќите, а во нејзината куќа е нанесена материјалната штета.
Додаде дека не планираат да се вратат во своите домови додека судирите во потполност не бидат завршени.
„Ако ситуацијата не се смири, не можеме да дојдеме тука. Јас имам деца, тие се плашат и не можат да дојдат тука", рече Исмаилов.
Карабах во потполност мора да биде ослободен
Жителите на Тертер, чии домови беа под оганот, воглвно веруваат дека прекинот на огнот не е трајно решение. Наведуваат дека нивната борба за повторно заземање на окупираните територии даде илјадници шехиди и дека со прекин на огнот не е постигнато решение.
Порачуваат дека не сакаат прекин на огнот, бидејќи, како што велат, кога прекинот на огнот е прогласуван, нападите потоа повторно биле покренувани. Според нив, окупираната територија мора да се врати, Карабах во потполност мора да биде ослободен.