Ihvan Radoykov
25 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
СОФИЈА - Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани 4.375 новозаразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени во земјата надмина 320.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 106 лица, вкупно 12.911 смртни случаи од почетокот на епидемијата во Бугарија.
Во Бугарија со популација од 6,9 милиони жители, од почетокот на март досега се забележува раст за 124 % на бројката на починати во однос на изминатиот месец.
Стапката на смртност на 100.000 жители во Бугарија изнесува 15,7 %, што оваа земја ја поставува на 4. место меѓу 30-те земји членки на ЕУ.
Здравствениот систем на Бугарија се наоѓа пред колапс, додека во рамките на имунизацијата против коронавирусот, досега се вакцинирани 401.309 лица.
Во рамките на мерките што стапија во сила на 22 март, а кои ќе важат најмалку 10 дена, на свадбите и на приватните прослави дозволено е собирање на најмногу 15 лица, додека собирите на јавни места се забранети.
Запрена е работата на рестораните, кината, театрите, културните, трговските и фитнес-центрите, а образованието премина на онлајн настава.
Претходно, премиерот Бојко Борисов изјави дека нема да се воведуваат рестриктивни мерки и полициски час.