Islam Doğru
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 во САД починаа 449 лица, вкупно 149.856 досега, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму е земја со најмногу заразени и починати од Ковид-19 во светот.
Податоците на „Worldometer“, интернет страницата на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека бројот на заразените во САД во последните 24 часа е поголем за 56.155 и сега изнесува 4.373.579.
Според податоците на сојузните агенции, Калифорнија е со околу 460.000 случаи, сојузна држава со најмногу случаи, а по неа следуваат Флорида и Њујорк.
Во САД за присуство на Ковид-19 се извршени повеќе од 54,2 милиони тестирања, а бројот на оздравени надмина два милиони.
Според бројот на заразените, по САД следуваат Бразил со 2,4 милиони случаи и Индија со 1,46 милиони.