Husamedin Gina
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека минатата недела кај еден пациент, кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индискиот“ сој на вирусот СарсКов2, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според епидемиолошката анкета што ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде што претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, а кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.
Состојбата на пациентот, како што информира Министерството, е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.