Büşra Nur Çakmak
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Досега во светот администрирани се над 2,15 милијарди дози вакцини против коронавирусот, покажаа најновите податоци на веб-страницата „Our World in Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина е на прво место со над 777,88 милиони аплицирани дози. По Кина следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 301,64 милиони дози.
Индија има администрирано 232,79 милиони дози, Бразил 71,69 милиони, Велика Британија 67,99 милиони, Германија 54,24 милиони, Франција 40,06 милиони, Италија 38,18 милиони, Мексико 34,46 милиони и Русија 30,71 милион дози вакцини против коронавирусот.
Турција е на 10. место со дадени над 30,87 милиони дози, по која следуваат Шпанија, Индонезија и Канада.
Земја со најмногу администрирани дози според бројот на населението е источноафриканската островска држава Сејшели, со 138,83 дози на 100 жители.
Најголем дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, поради што бројот на аплицирани дози не е ист со бројот на лица што се целосно вакцинирани.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година, пандемијата однела над 3,72 милиони животи во 192 земји и региони, а регистрирани се над 173,32 милиони случаи.
САД, Индија и Бразил и понатаму се најтешко погодени земји во однос на бројот на заразени и смртни случаи.