Betül Yürük
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 877 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 149.407 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа потврдени се 66.222 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 4.317.424.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 877 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 149.407.
Од друга страна, американската сојузна држава Калифорнија се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Флорида и Њујорк.
Во Калифорнија досега се откриени над 435 илјади случаи.
Покрај овие сојузни државни, и во Тексас, Аризона како и во бројни сојузни државни врзо расте бројот на откриени случаи.
Во САД досега се направени над 53 милиони и 354 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 2 милион и 61 илјади.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 2.396.871434 откриени случаи и Индија со 1.411.954 откриени случаи.