Islam Doğru
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.042 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 110.108 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 21.405 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 1.925.346.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.042 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 110.108.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 618.554 откриени случаи, Русија со 449.834 откриени случаи, и Шпанија со 287.740 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.
Во Њујорк откриени се 383.899 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 30.281 лице.
Во САД досега се извршени над 19 милиони 583 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 711.000.