свет, Коронавирус

Поголем дел од Шпанија ги ублажи мерките воведени поради Ковид-19

- Во Шпанија на 11 мај започна првата фаза на ублажување на мерките, во чии рамки за нормализација се отворени продавници, можност за богослужба, терасите од кафулињата, ресторани и библиотеки со ограничена услуга.

Ekip  | 18.05.2020 - Обновена : 19.05.2020
Поголем дел од Шпанија ги ублажи мерките воведени поради Ковид-19

ОВИЕДО

Поголем дел од Шпанија денес ги ублажи мерките воведени претходните недели поради пандемијата на Ковид-19 во моментите кога оваа земја бележи најмал број на дневни смртни случаи од средината на март, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Шпанија во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 59 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 27.709.

Ова е воедно и втор ден по ред Шпанија да забележи помалку од 100 смртни случаи од оваа болест.

Во изминатите 24 часа се потврдени 285 нови случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени достигна 231.606.

Вонредната состојба, која започна на 14 март, со гласање на парламентот е продолжена до 24 мај.

Во Шпанија на 11 мај започна првата фаза на ублажување на мерките и во рамките на нормализацијата се отворени продавници, богослужби, терасите од кафулињата, ресторани и библиотеки со ограничена услуга.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın