свет

Напаѓачот на американската воена база имал поврзаност со Ал Каеда

- Саудискиот воен офицер кој фатално застрела тројца американски морнари и повреди осум други лица на воената база во Флорида имал значителна поврзаност со Ал Каеда во Арапскиот полуостров (AQAP)

Michael Gabriel Hernandez  | 18.05.2020 - Обновена : 19.05.2020
Напаѓачот на американската воена база имал поврзаност со Ал Каеда

ВАШИНГТОН

Саудискиот воен офицер кој фатално застрела тројца американски морнари и повреди осум други лица на воената база во Флорида имал значителна поврзаност со Ал Каеда во Арапскиот полуостров (AQAP), јавува Агенција Анадолија (АА).

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј рече дека информациите добиени од мобилните телефони на офицерот на кралските саудиски сили, Мохамед Саид Алшамрани, укажуваат дека тој бил радикализиран најверојатно уште во 2015 година.

Вреј рече дека Алшамрани се обидел да ги уништи и двата телефони за време на престрелката во кој е неутрализиран, но бирото успеало да добие информации од нив по четиримесечен напор за да ги отклучи уредите. Таа информација потоа беше искористена за извршување на операција против еден од неговите соработници.

Вреј и јавниот правобранител Вилијам Бар рекоа дека операцијата е насочена кон оперативецот на AQAP, Абдула ал Малики, но не дадоа други детали освен тоа дека операцијата се случила неодамна во Јемен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.