свет, Коронавирус

Омикрон брзо се шири низ Европа, бројот на смртни случаи релативно низок

Бројот на заразени во европските земји од 6 јануари е зголемен за 21 отсто

Ömer Faruk Yıldız, Ekip  | 13.01.2022 - Обновена : 17.01.2022
Омикрон брзо се шири низ Европа, бројот на смртни случаи релативно низок

ЖЕНЕВА (АА) – Додека варијантата на Ковид-19, Омикрон, продолжува да се шири низ Европа, во однос на бројот на смртни случаи од оваа варијанта не е забележан голем раст, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата од 11 јануари, Ханс Клуге, регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, рече дека над 7 милиони случаи на Омикрон биле откриени во Европа во првата недела од годината, што значи над двојно повеќе од порастот регистриран претходната недела.

Клуге предупреди дека за шест до осум недели варијантата Омикрон ќе зарази повеќе од половина од населението на Европа.

Според веб-страницата „Worldometer“, која ги објавува тековните податоци и проекции на состојбата со Ковид-19, бројот на случаи во европските земји е зголемен за 21 отсто од 6 јануари.

Стапката на смртност за време на истиот период е релативно ниска во повеќето европски земји.

Франција е една од најпогодените земји од варијантата Омикрон во Европа.

Според официјалните податоци, бројот на случаи со Ковид-19 е зголемен за приближно 45 отсто во изминатата недела. Просечниот број на случаи дневно се искачи на 259.264.

Околу 1.496 лица починале од Ковид-19 во последните седум дена во земјата, што покажува дека стапката на смртност е зголемена за 4 отсто во споредба со претходната недела.

Бројот на заразени во Германија во последната недела изнесува 352.428, што е за 53 отсто поголем во споредба со претходната недела.

Во последните седум дена од Ковид-19 во земјата починале 1.703 лица, што е за 4 отсто помалку од претходната недела.

Шпанија регистрира вкупно 806.956 случаи на Ковид-19 во текот на изминатата недела, што е за 7 отсто повеќе од претходната недела, додека 694 лица починаа како резултат на вирусот, што претставува раст на стапката на смртност за 59 отсто во споредба со претходната недела.

Во Бугарија во последните седум дена се откриени вкупно 36.530 случаи на вирусот, што е зголемување за 49 отсто во споредба со претходната недела.

Во Белгија, просечниот број на случаи дневно се зголеми за 96 отсто, на 21.874 во последната недела.

Иако бројот на случаи и хоспитализации во Белгија се зголемува, бројот на смртни случаи од Ковид-19 се намалува. Просечниот дневен број на починати од вирусот во земјата минатата недела изнесуваше 17, што претставува намалување од 29 отсто во однос на претходната недела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın