Ekipa
13 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
БРИСЕЛ (АА) - Руските предлози за европската безбедност се неприфатливи за Европската Унија, изјави денеска шефот за надворешната политика на Унијата Жозеп Борел, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Овие барања се неприфатливи, и ниту Европејците не можат да го прифатат овој став“, им соопшти Борел на новинарите за двата предлози на Русија за европските безбедносни аранжмани доставени до САД и НАТО минатиот месец.
Борел зборуваше на заедничката прес-конференција со француската министерка за одбрана, Флоренс Парли, по неформалниот состанок на министрите за одбрана на Блокот во Брест, Франција, кој започна утрово.
Француската Влада е домаќин на дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи и одбрана на земјите членки на ЕУ по преземањето на претседавањето со Советот на Европската Унија.
Русија направи „многу конкретни барања кои заслужуваат многу конкретен одговор“, рече Борел.
Тој објасни дека тврдењето на Русија за запирање на процесот на евроатлантската интеграција за Украина и Грузија е неприфатливо за ЕУ бидејќи го ограничува правото на суверените земји да одберат во кои меѓународни организации сакаат да се приклучат.
Откри дека за време на состанокот, министрите на ЕУ дискутирале за започнување мисија за обука на ЕУ за високите воени претставници во Украина како форма на поддршка за земјата.
Министрите, исто така, започнаа да работат на првата стратегија на Блокот за безбедност во вселената, која се очекува да биде усвоена наредната година, бидејќи, како што истакна Борел „вселената ќе биде ново воено поле“.
На дневен ред е и ситуацијата во Мали, која е отежната со доаѓањето на платениците од руската компанија „Вагнер“.
Борел рече дека работат и на измена на неговиот нацрт по сугестиите на земјите членки, но истакна дека има консензус за документот и дека еден од најважните предлози - силите за брзо распоредување на ЕУ од 5.000 војници, ќе остане во стратегијата.