Zehra Ulucak
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА (АА) - Од последиците на коронавирусот Ковид-19 во светот досега починаа над 120.000 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на веб-страницата „Worldometer“, која ги презентира најновите информации за бројот на заразени со коронавирусот, во светот починале вкупно 120.434 лица, а бројот на лица позитивни на коронавирусот е зголемен на 1.933.800.
Најголем број смртни случаи, 23.644, потврдени се во Соединетите Американски Држави (САД).
По САД, најмногу смртни случаи има во Италија, 20.465, потоа во Шпанија 18.056, Франција 14.967, Велика Британија 11.329, Иран 4.585 и Белгија 4.157.
Во Кина, каде што се појави вирусот во декември минатата година, починаа 3.341 лице.
Меѓу земјите со над 1.000 смртни случаи е и Германија, каде што како последица на Ковид-19 починаа 3.194 лица. Во Холандија починаа 2.823 лица, во Бразил 1.355, во Турција 1.296 и во Швајцарија 1.138.
Вирусот досега се прошири во над 200 земји и региони во светот. Од Ковид-19 досега се излекуваа 456.539 лица.