Handan Kazancı
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА (АА) - Речиси 13.000 граѓани кои дојдоа од странство моментно се наоѓаат во карантин во Турција, во рамки на мерките за спречување на ширењето на новиот вид коронавирус, изјави денеска турскиот министер за млади и спорт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 12.912 граѓани се во карантин во студентските домови низ 57 турски области“, рече Мехмет Касапоглу.
Тој додаде дека над 20.400 граѓани ги напуштиле студенстските домови по завршувањето на нивниот период за карантин.
Турција вчера потврди уште 98 смртни случаи од коронавирусот во текот на изминатите 24 часа, со што бројот на починати во земјата достигна 1.296. Вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирусот Ковид-19 се искачи на 61.049.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, минатиот декември, вирусот, официјално познат како Ковид-19, се прошири во околу 200 земји и региони низ целиот свет, а неговиот епицентар се префрли во Европа, додека Кина во голема мера излезе од кризата.