Muhammed Emin Canik,Emel Gözellik
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА
Како последица на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 572 лицa, во Индија 1.013, а во Мексико 292, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 572 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 101.049 лицa.
Во земјата се откриени 23.010 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи коронавирусот порасна на 3.035.422.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 2.118.460.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 1.013 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 44.466.
Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 62.064 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 2.215.074.
Досега во земјата од Ковид-19 се оздравеа 1.535.743 лица.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 292 лица.
Заедно со починати во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 52.298.
Во Мексико се откриени 4.376 нови случаи на заразеност со коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 480.278.
Досега во земјата се оздравеа 322.465 лица.