Elena Teslova
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
МОСКВА
Актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите 2020 година во Белорусија со 80,23 отсто од гласовите, објави денес изборната комисија на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Излезноста на гласачите беше 84,23 отсто, резултатите од изборите се сметаат за валидни“, изјави за новинарите во Минск, Лидија Ермошина, претседателката на Централната изборна комисија.
Сепак, опозициските кандидати протестираа против резултатите, поддржани од илјадници луѓе кои излегоа на улиците низ целата земја, барајќи фер избори.
Демонстрантите го кренаа својот глас против власта на Лукашенко, неговиот продолжен престој на власт, кој е претседател на Белорусија од 1994 година, како и против слабата економија и лошото справување со ситуацијата со Ковид-19.
Десетици демонстранти беа уапсени синоќа, а полицијата употреби гумени куршуми и звучни гранати за да ги растера демонстрантите.