Hamdi Yıldız
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
ГАЗА
Израелските воени авиони бомбардираа набљудувачка точка на Хамас во северниот дел на Газа кој е под блокада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелските воени авиони во северниот дел на Газа бомбардираа набљудувачка точка на бригадите на Изадин ал Касам, кои се воено крило на Хамас.
Палестинското Министерство за здравство во Газа сѐ уште не сподели информации дали по нападот има жртви.
Од друга страна, портпаролот на израелската Војска Авичај Андрае, истакна дека овој напад бил извршен како одговор на лансирањето на запаливи балони од Газа кон Израел.