свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.220 лица, во Мексико 730, а во Индија 475 лицa

Во земјата се откриени уште 42.619 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 1.755.779

Muhammed Emin Canik, Nuri Aydın  | 10.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.220 лица, во Мексико 730, а во Индија 475 лицa

БУЕНОС АИРЕС

Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.220 лицa, во Мексико 730 лица, а во Индија 475 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.220 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 69.184 лицa.

Во земјата се откриени уште 42.619 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 1.755.779.

Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.

- Мексико

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 730 лица.

Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 33.526.

Во Мексико се откриени уште 7.280 нови случаи, додека вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 282.283.

Досега во земјата излекувани се 172.230 лица.

- Индија

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 475 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 21.604.

Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 26.506 случаи со овој вирус.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 793.802.

Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 495.513 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın