свет

„Животот на црнците вреди“ - испишано пред кулата на Трамп во Њујорк

Во Менхетен на 5. авенија на улицата напишано е „Животот на црнците вреди“, а на тој чин присуствуваа градоначалникот на Њујорк, Бил де Гласио и претставници на заедницата на црнците во тој град

Islam Doğru  | 10.07.2020 - Обновена : 12.07.2020
„Животот на црнците вреди“ - испишано пред кулата на Трамп во Њујорк Foto: Tayfun Coşkun - Anadolu Agency

ЊУЈОРК (АА) - На улицата пред кулата на Трамп поставен е натпис „Black Lives Matter“, односно „Животот на црнците вреди“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Менхетен на 5. авенија на улицата напишано е „Животот на црнците вреди“, а на тој чин присуствуваа градоначалникот на Њујорк, Бил де Гласио и претставници на заедницата на црнците во тој град.

Американскиот претседател Трамп претходно реагираше на одлуката за испишување на пораката на улица, порачувајќи:

„Овој натпис уште повеќе ќе ја намали вредноста на луксузната улица и уште повеќе ќе ја налути њујоршката полиција.“

На оваа порака на Трамп реагираше и градоначалникот на Њујорк, а во пораката напиша:

„Она што не го разбирате е дека црнците ја основаа 5. авенија. Она што вие го нарекувате луксуз е резултат на нивната работа. Да ги почитуваме со овој натпис.“

Натписот „Животот на црнците вреди“ е напишан првпат, во организација на Управата на Градот Вашингтон, а во спомен на Џорџ Флојд, кој им подлегна на повредите како последица на полициското насилство во Минеаополис.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın