Zehra Ulucak
01 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
АНКАРА
Од новиот тип на коронавирусот именуван како Ковид-19 кој за првпат се појави во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, досега на светско ниво се заразени 86.900 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од епидемијата на вирусот Ковид-19 животот го загубија 2.980 лица. Од нив, 2.870 во Кина, 2 во Специјалниот Административен Регион Хонгконг, 43 во Иран, 29 во Италија, 17 во Јужна Кореја, 12 во Кина, 2 во Франција и по едно лице во Австралија, САД, Тајланд, Тајван и Филипини.

Од новиот тип на коронавирусот, во континенталниот дел на Кина се заразени 79.824 лица, 95 во Специјалниот Административен Регион Хонгконг и 10 во Специјалниот Административен Регион Макао. На Тајланд се забележани 39 случаи на Ковид-19.
Новиот тип на коронавирусот според регистрираните случаи и информациите објавени во националните медиуми е забележан во следните земји:
Јужна Кореја 3.526, Италија 1.128, Јапонија 947, Иран 593, Сингапур 102, Франција 100, Германија 66, САД 66, Кувајт 45, Шпанија 44, Тајланд 42, Бахреин 41, Австралија 26, Малеззија 25, Велика Британија 23, Канада 20, Обединетите Арапски Емирати 19, Швајцарија 18, Виетнам 16, Норвешка 15, Ирак 13, Шведска 13, Австрија 7, Либан 7, Холандија 7, Оман 6, Хрватска 6, Русија 5, Израел 5, Грција 5, Пакистан 4, Мексико 4, Индија 3, Филипини 3, Романија 3, Грузија 3, Данска 3, Финска 3, Бразил 2, и по еден случај во Алжир, Непал, Шри Ланка, Камбоџа, Белгија, Египет, Авганистан, Азербејџан, Северна Македонија, Естонија, Нов Зеланд, Нигерија, Белорусија, Литванија, Монако, Еквадор, Катар, Сан Марино, Ирска, Исланд.