Gökhan Varan,Büşra Selvi Öğütcen
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
АНКАРА
Откако новиот тип коронавирус за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кусо време се рашири низ целиот свет преминувајќи во пандемија, вирусот е детектиран кај повеќе од 46.834.600 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со развојот на пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот, досега во светот од последиците на коронавирусот починаа 1.205.437 лица.
Регистрирани се 46.834.629 лица позитивни на Ковид-19, а оздравеа 33.762.232. Во моментов активни се 11.866.960 случаи на коронавирусот.
Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број заразени во светот, 9.474.845, и со најголем број смртни случаи, вкупно 236.473.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на лица позитивни на Ковид-19 надминува 500.000:
Индија (8.229.322), Бразил (5.545.705), Русија (1.636.781), Франција (1.413.915), Шпанија (1.264.517), Аргентина (1.173.533), Колумбија (1.083.321), Велика Британија (1.034.914), Мексико (929.392), Перу (904.911), Јужноафриканска Република (726.823), Италија (709.335), Иран (620.491), Германија (544.346) и Чиле (511.864).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на смртни случаи надминува 10.000:
Бразил (160.104), Индија (122.642), Мексико (91.895), Велика Британија (46.717), Италија (38.826), Франција (37.019), Шпанија (35.878), Иран (35.298), Перу (34.529), Колумбија (31.515), Аргентина (31.140), Русија (28.235), Јужноафриканска Република (19.411), Чиле (14.247), Индонезија (13.943), Еквадор (12.684), Белгија (11.737), Ирак (10.966), Германија (10.622), Турција (10.326) и Канада (10.179).