Adam Abu-bashal
02 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
АБУЏА
Во западниот дел на Нигерија се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија 20 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните весници, во подрачјето Акунба Акоко, во нигериската држава Ондо, камион влетал на пазар, прегазувајќи голем број луѓе.
Во оваа несреќа животот го загубија 20 лица, а голем број се тешко повредени, по што се префрлени во околните болници.
Постои загриженост поради можноста од зголемување на бројката на загинати.