свет, Коронавирус

Кралицата Елизабета II ќе ѝ се обрати на нацијата по повод кризата предизвикана од Ковид-19

Целта на говорот на кралицата е подигнување на моралот на нацијата во екот на борбата против коронавирусот Ковид-19

Hasan Esen  | 04.04.2020 - Обновена : 04.04.2020
Кралицата Елизабета II ќе ѝ се обрати на нацијата по повод кризата предизвикана од Ковид-19

ЛОНДОН (AA) – Британската кралица Елизабета II ќе се обрати до нацијата по повод пандемијата на Ковид-19 која се однесе илјадници човечки животи во Велика Британија и остатокот на светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Бакингемската палата соопштено е дека кралицата снимила говор и дека видеото ќе биде емитувано во недела навечер.

Целта на говорот на кралицата е подигнување на моралот на нацијата во екот на борбата против коронавирусот поради кој и самата во друштво на сопругот Филип во палатата Виндсор кај Лондон.

Во текот на 68-годишното престолување со Велика Британија 93. годишната кралица Елизабета на нацијата и се обратила само четири пати. Првиот пат моралот на нацијата го подигнуваше со говор во 1991 година во екот на тогашната Заливска војна, а шест години подоцна истото го направи и по повод на смртта на принцезата Дијана.

Кралицата говор до нацијата одржа и во 2002 година по смртта на нејзината мајка, а последен пат нацијата ја охрабруваше во 2012 година по повод на шест децении од нејзиното престолување.

Најавениот говор на кралицата Елизабета II открива размери на кризата во која Велика Британија упаднала поради пандемијата Ковид-19.

Досега во таа земја со коронавирусот се заразени повеќе од 38.600 лица, а од последиците на заразувањето починаа повеќе од 3.600 заболени.

Најмладата жртва на коронавирусот во Велика Британија беше 13-годишниот Исмаил Мухамед Абдулвахаб кој денес беше погребан без присуство на семејството кое е во изолација.

Сајмиштето Ексел во Лондон е претворен во привремена болница за заразените со Ковид-19.

Меѓу заразените во Велика Вританија се и бројни високи функционери, вклучувајќи го и принцот Чарлс и премиерот Борис Џонсон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.