Dmitri Chirciu
04 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна дека економијата на земјата е во тешка состојба поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Путин преку видео-конференција одржа состанок со Советот за безбедност на кој беше разговарано за состојбата на економијата.
Рускиот претседател нагласи дека состојбата во врска со Ковид-19 се разликува по региони.
„Во секој регион постои различна ситуација. Економијата веќе е во тешка состојба“, рече Путин, нагласувајќи дека не е логично да се ограничуваат економските активности, како и затворање на бизнисите.
Тој истакна дека треба да се обезбеди интеракција меѓу федералната и локалната власт.
Инаку, во Русија откриени се 4.149 случаи со Ковид-19, додека како последица на оваа пандемија починаа 34 лица.